Екипата на Охрид Лоте претпре пораз од 2-0 на гостувањето во Дебар против Кораб во меч од 2о рунда во второлигашката конкуренција. Охриѓани имааат сериозни забелешки како на арбитражата на главниот судија Стојчевски од Тетово, така и на односот на домашната публика но и домашните фудбалери кои не бирале средства за да стигнат до трите бода.
–
Во Дебар не се игра фудбал, судијата Дарко Стојчески целиот мец судеше тенденциозно во корист на домаќинот, а циркузијадата ја започна во осмата минута кога досуди непостоечки пенал. Во текот на целиот меч ги толерираше грубите стартови на домашните фубдалери, по еден час игра имаше чисти пенал за нас, кој не сакаше да го види, а нашиот фудбалер Секуловски по повредата здобиена по тој старт мораше да го напушти мечот – вели капитенот Митко Стојаноски.
Охриѓани незадоволни од пречекот во Дебар и односот на домашните фудбалери на ФК Кораб, се прашуваат дали воопшто има смисла да се играат натпревари каде однапред се знае победникот.
– Ние загубивме два натпревари во низа на домашен терен па влакно од косата не им фалеше на нашите противници – велат охриѓани.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com