Во Куќата на Уранија, синоќа,ќе беше отворена изложбата „Во синило те намамави“, на младите уметници на Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Марта Пејоска и Дафина Џепароска.
Изложбата привлече големо внимание во јавноста која со нескриен интерес ги разгледуваше исклучителните уметнички дела на креативните автори.
Јана Ацевска е основач и сопственик на студиото за дизајн и изработка на накит „Капка“ каде што графичкиот дизајн се претвора во парче современ накит. „Капка“ ги претвора различните материјали во носечка уметност во најразлични форми.
Билјана Клекачкоска е дизајнер на накит која главно работи во филигранска техника, но со современ авторски пристап. Изложувала и надвор од Македонија, а неколкупати е наградувана за дизајн.
Дафина Џепароска со накит се занимава од 2010 година. По успешните учества на работилниците за современ накит, организирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, на тема „Скопје ултрамодерен град“ своите дела ги презентира и надвор од Македонија.
Марта Пејоска е млад архитект кој својата архитектонска приказна ја раскажува на еден модерен и концептуален начин, моделирајќи го секојдневниот контекст и инспирација во парчиња накит. Во 2010 година го наследува уметничкото ателје на нејзиниот татко, Живко Пејоски, во Охрид и ја наследува неговата работа, додавајќи еден нов аспект и развивајќи еден сопствен, уникатен уметнички израз преку различни парчиња накит.
OhridNews
фото:Емилио