Неуспехот на стартот на квалификацискиот турнир за пласман на летните олимписки игри во Лондон, ги натажи охриѓани, но не го намали нивниот оптимизам дека македонската машка ракометна репрезентација може да обезбеди пласман на најпрестижното спортско натпреварување.


Љубовта кон татковината се гради од мали нозе

Македонија вчера претрпе пораз од Унгарија, но шансите не се загубени, пред нас се уште два меча, велат охриѓани, кои организирано во кафетериите и рестораните ги следат ракометните возбудувања. Првиот, клучен натпревар, го играме денеска против домаќинот Шведска во нивната Скандинавиум арена.  Кире и другарите против Андерсон и компанија, нашата „Фаланга“ против бројните домашни навивачи.

На маката јунаците се познаваат, а ние имаме херои за спортска борба.

Напред Македонија!

OhridNews