Фудбалерите на Охрид 2004 во последните три рунди од есенскиот дел ги очекуваат “пеколни“ натпревари со Вардар и Металург на гостински терен и со актуелниот првак Шкендија пред своите гледачи. “Рибарите“ во досегашниот тек од првентсвото имаат освоено 20 бодови и се наоѓат на  петтата позиција во прволигашката конкуренција,  во 16-та рунда од првата македонска фудбалска лига гостуваат кај лидерот во генералниот пласман Вардар. 


Ние секој натпревар одиме на победа било каде да се игра, екипата на Охрид заедно со Вардар и Шкендија играат  најдопадлив фудбал во лигата. Немаме страв од никого нека се плашат тие од нас не ние од нив. На последните два меча со Силекс и Брегалница затаи нападот но мислам дека ќе го поправиме тоа на дуелот со Вардар – потенцираше српскиот стратег Драган Антиќ.


Ако нападот “заспа“ во последните натпревари, одбраната на “рибарите“ одлично се спротиставува со офанзивците на противничките екипи, примајќи еден погодок во три меча. На мечот со Вардар од 16-та рунда, последната четворка од одбраната ги очекува сериозен испит да се справат со најдобриот стрелец во лигата Филип Иваноски со 14 погодоци.

Максимално се спремаме за мечот со Вардар, проблемите со повредите се веќе минато. На мечот со Вардар нема што да изгубиме, секој фудбалер да го даде својот максимун и резултатот нема да изостане – смета капитенот на “рибарите“ Александар Велески.


“Прва свирка“ на натпреварот помеѓу Вардар – Охрид 2004 кој е закажан за в сабота а ќе се одигра на стадионот “Ѓорче Петров“ е Зоран Петковски од Велес додека помошниците ќе му бидат сограѓаните Манасиев Горан и Новачев Петар.

Мх.П.