Охридските ракометари викендов патуваат на мегдан на лидерот на табелата и непоразениот тим во првенството Текстилец од Штип. Охриѓани се во одлична серија победи и “растеретени“ патуваат на мечот во Штип.
– Не очекува тежок натпревар, екипата на Текстилец е фаворит во ова дерби. Ние одиме во Штип без оптоварување во релаксирана атмосфера, но ќе дадеме се од себе да го изненадиме првиот во лигата. На последните тренинзи ја воигрувавме такктичките варијанти како во напад така и во одбрана. Текстилец е комплетна екипа, имаат одлични играчи на секоја позиција, а како резултат на тое се први во лигата без ниту еден пораз до сега – вели Атанас Поп Стефанија.
Во прилог на охриѓани е и резултатот во пресметката меѓу Младост и Пелистер Ј кој го добија домаќините со 29-20. До крајот на есенскиот дел, охриѓани ќе одиграат уште еден меч и тоа на гости кај Јаков, додека Пелистер ќе го пречека лидерот Текстилец.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com