Своето незадоволство од актуелни состојби во градот охриѓани денеска ќе го изразат на два одделни протести.

Најпрвин во организација на новоформираната невладина организација Младински центар, симболично во 5 до 12 ќе се одржи протест пред општтата болница во Охрид, против уништувањето на охридското здравство и игнорантскиот однос на централната власт кон Охрид.

Само половина час подоцна пред зградата на општината охриѓани ќе го изразат својот револт против поскапување на цената на водата и најавите за продажба на МЈП „Проаква“. Протестот е во организација на здружението на граѓани „Христо Узунов“.