Жестоките инциденти кои од време на време се случуваат во Охрид внесуваат немир помеѓу граѓаните. Тие се загрижени поради големата агресивност што ја манифестираат младите, a голем дел од граѓаните се чувствуваат небезбедно во местото на живеење.

На ова укажуваат и резултатите од анкетата што ја спроведе деновиве OhridNews за сопствени потреби. На прашањето: Дали во Охридсе живее безбедно? – 48 отсто одговориле потврдно, а 52 проценти негативно.


Според СВР Охрид безбедносната состојба во Охрид е стабилна, а полицијата успешно се справува со прекршителите на јавниот ред и мир.

OhridNews