
Во охридските рибарници ни рекоа дека имале пастрмка, но сега ја нема во нивните ладилници. Според нив тоа се должи на помалиот улов и високата цена, па сега нудат свежа речна, калифорниска односно мавровска пастрмка чија цена е неколку пати пониска. Сепак, граѓаните повеќе се одлучуваат за белвицата која ја има во рибарниците. Килограм белвица таму се продава по цена од 500 денари, крапот чини 400, а речната пастрмка 250 денари за килограм.
И во рестораните најбарана е белвицата, чија цена е од 1,200 до 1,300 денари во зависност на кој начин се приготвува.Се нарачува и охридскиот крап а на менито стои дека за килограм треба да се плати и до 1,300 денари. Охридската пастрмка е на менито, но според угостителите за домашните гости се чини прескапа. Додека траеше туристичката сезона странските гости посакуваа да ја пробаат охридската пастрмка, но сега ретко кој ја нарачува, велат угостителите.












