Три лица се тешко повредени во сообраќајка што се случила вчеравечер околу 22.30 часот на автопатот Скопје – Тетово во непосредна близина на Добарскиот надвозник.

Сообраќајката ја предизвикал автомобил „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управуван од триесет и тригодишен гостиварец, кој удрил во сопственик на автомобил „опел“ со скопски регистерски таблици којшто бил заглавен во снегот и во двајца охриѓани кои се обидувале да му помогнат на скопјанецот да го извлече возилото.
 
Од ударот возачот на „опелот“ се здобил со телесни повреди по што бил пренесен и задржан во тетовската клиничка болница. Со потешки телесни повреди се здобиле охриѓаните кои по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле префрлени на скопските клиники.

Првично причина за незгодата е неприлагодената брзина. Вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари.

OhridNews

извор Макфакс