Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа на гостувањето во Драчево изразена со девет голови разлика 34-25. Клучот на победата беше стартот на мечот, кој охриѓани го започнаа одлично примијајќи три гола во првите 15 минути од мечот, а нападот предводен од триото Трифуноски, Андоновски и Томовски ја полнеше мрежата на домашниот состав.


– Морам да напоменам дека атмосферата во клубот е одлична како никогаш до сега. Кондиционо сме поспремни од сите екипи во Првата лига, а и нашата нова тактика ја базираме на физичката спремност. Натпреварот со Драчево го решивме “уште непочнат“, на средината од првиот дел имавме предност од девет голови која ја одржавме до финишот на мечот – истакна Трифуноски.


Победата над Драчево им е мила на сите ракометари, но секако најдрага му е Крсте Андоновски, кој минатата сезона го бранеше боите на Драчево.

– Емоциите неможат да ме совладаа на натпревар, наспроти ме мотивираат да одиграм многу подобро. Колективот ни донесе победа на тешкото гостувањето кај Драчево со што ја продолживме победничката серија на четири натпревари – рече Андоновски.

Мх.П.