
На анкетното прашање на Ohridnews „Дали промената на уставното име на Р. Македонија може да биде цената за влез во НАТО?“, 528 испитаници, или 42% од анкетираните одговориле негативно. Вкупно 352 анкетирани или 28% сметаат дека Македонија не треба да прифати таква спогодба, додека за 279 граѓани или 22% прифатливо е да се направат одредени отстапки кои не го загрозуваат идентитетот и интегритетот на нацијата. Промената на името нема врска со НАТО сметаат 5% од анкетираните, додека само 38 од нив или 3% се согласуваат на промена на името на државата како услов за влез во НАТО.
ohridnews












