Според СВР Охрид, во декември 2011 година, во Охрид на ул. „Јане Сандански“, извршен е претрес во домот на Д.В. каде се пронајдени 57,74 грама наркотична дрога „марихуана“ и 12 делови од гранчиња од растението „канабис сатива“, а при извршен претрес кај С.Д. пронајдени се 2,1 грама марихуана и остатоци од мешавина од тутун и марихуана.
Од извршените разговори е дознаено дека Д.В. марихуаната ја набавил од С.Д. и имал намера да ја препродава, а истото така претходно во својот дом во неколку наврати на четири лица им продал од дрогата и им овозможил да ја користат во неговиот дом.