
Оштетените тротоари кои со децении беа буквално заборавени од одговорните се поправаат и се асфалтираат. Охриѓани се задоволни што конечно надлежните се сетија да ги уредат пешачките зони на најпрометната сообраќајница во градот, но сметаат дека асфалтот не е најдобро решение. Според нив подобро ќе биде тротоарите да се поплочат, бидејќи така ќе се поубави и попрактични. Слично размислуваат и читателите на ОhridNews.













