Градот Охрид нема да има свои преставници, риболовци кои ќе настапат на 7 Јaдранско Подунавски куп кој викендов ќе се одржи во Охрид.
– На овој куп настапуваат најдобрите екипи од матичните земји. Земјите учеснички ќе имаат по два преставника, со исклучок на ланскиот победник Хрватска која ќе има три, како и домаќинот Македонија. Македонија ќе ја преставуваат скопски Вардар, и велешките клубови Бабуна и Кркуша – вели Димче Мајкоски од ОО на купот.
Охридска екипа во последните три сезони не се натпреварувала во системот натпревари организиран од страна на Македонската риболовна федерација.
– Што се однесува до Охрид, би сакал да учествуваат и охриѓани, но клубот Св Апостол Петар во системот на натпреварување последен пат учествувал во 2009 година. И тогаш од трите кола учествуваше само на две. Од тогаш наваму ниту еднаш екипа од Охрид не се пријавила за настапн на натпреварите во учество на федерацијата – објаснува Мајкоски.
Со оглед дека се работи за натпревари на кои се преставува Македонија, не е возможно во натпреварувачкиот дел да земат учество рекреативци.