Објавениот повик на охриѓанката Клаудија Арсенова за собирање донации за жителите од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина беше повод голем број граѓани денес да го посетат импровизираниот пункт на улицата „Партизанска“, наспроти хотел Палас. Донираа облека и производи за одржување на хигиена, кој колку што има и може да помогне.

Повикот го објавив вчера и еве денес во текот на денот луѓето доаѓаат донираат средства.Се надевам дека нивниот број ќе биде се поголем, вели Арсенова.

Иницијативата на групата граѓани доби поддршка и од Лајанс клуб „Лихнидос“ Охрид.

Овој е првиот пункт кој спонатно е организиран од страна на граѓаните. Се вклучивме со цел колку можеме како граѓани на Охрид  да помогнеме во двете земји. Се надевам овој иницијален импулс ќе се прошири низ целиот град и ќе се одржуваат вакви акции вон оние институционални акции на Црвениот крст. Верувам дека и други луѓе се се приклучат кон акцијата, рече Диел Аголи од ЛК „Лихнидос“.

Од ЛК „Лихнидос“ најавија дека нивните членови ќе дадат материјална и парична помош за настраданите во поплавите.

OhridNews