Охриѓани во последно време се повеќе се заинтересирани за online купувањето, а дел од нив веќе започнуваат да стекнуваат навика за набавување производи и услуги преку online порталите, кои нудат специјални попусти и акции. Од kelepur.mk , единствениот ваков портал за online купување во Охрид и Струга, кој функционира околу половина година велат дека интересот на граѓаните за ваков начин на пазарување се движи во нагорна линија.
-Интересот на граѓаните од ден на ден е се поголем и поголем, тоа може да го потврдиме со зголемената продажба на купони за користење на услугите и производите кои се нудат на нашата веб страна, зголемениот број на посетители на веб страницата како и со зголемениот број на понуди кои ги нудиме. Интересот пред се произлегува од големите попусти. Околу 63% од понудите кои ги нудиме се со попуст од 50%, а со попуст од 71% до 80% сме имале 7% од вкупниот број на понуди, кој изнесува 180. Значи просечниот попуст по кој купувале нашите корисници е 54%., вели Ален Каоу, еден од сопствениците на kelepur.mk.
Тој објаснува дека не можат прецизно да ги издвојат производите и услугите кои се најбарани и дека тоа зависи од многу фактори.

Тој е задоволен што граѓаните веќе стекнуваат доверба во овoј начин на плаќање и разбраат дека online продажбата е бебеден и сигурен начин.
-На почеток имавме доста контакти со новите корисници, кои на некој начин сакаа да добијат уште една потврда на маил или на телефон дека ќе ја добијат услугата или производот, но по добивањето на истата. И не само што добиваа доверба во начинот на плаќање туку и беа пријатно изненадени од квалитетот на понуденото и приемот од страна на трговците. Постоеше и една мала недоверба која од ден на ден е се помалку изразена, а тоа е за користење на платежните картички, како можност за плаќање, и тука ние само ќе ви го презентираме податокот дека од вкупниот број на купени купони 62% се купени со платежна картичка, 38% со уплатница во банка, вели Каоу.
Тoj нагласува дека до сега имаат продадено над 3000 купони и вкупната заштеда која ја имат направено е над 1,1 милион денари.
Инаку Келпур освен во Охрид неодамна започна со работа во Битола и Скопје, а фокусот ќе го насочи кон атрактивни понуди со големи попусти со многу изненадување. Од таму најавуваат дека во екот на летната сезона ќе се сконцентрираат кон понуди кои ќе бидат интересни и за туристите.












