Од Работнички универзитет “Кузман Шапкарев” од Охрид велат дека понудените обуки, најголема е побарувачката за изучување на курсот за козметичари, но исто така посетени се и куревите за фризери, масери и сметководство.
– Курсевите кои најчесто ги посетуваат возрасни и невработени охриѓани. Групите обично бројат најмногу 10 слушатели. Курсистите го посетуваат курсот во еден семестер или вкупно 80 часа со предавања и пракса. По завршување на курсот, тие добиваат сертификат за одреден степен на подготвеност, по видот на обуката која ја посетувале, велат од охридскиот Работнички универзитет “Кузман Шапкарев”.
Цените за тримесечна обука во Работничкиот универзитет се движат од 6.000-12.000 денари, а најскап меѓу нив е курсот за козметичари.
-Најголем дел од курсистите кои моментално ги посетуваат курсевите се невработени со завршено средно образование, но има такви кои имаат и факултетски дипломи, карактеристично е тоа што поголем интерес за посета на обуките за
доквалификација има кај жените и тие се почесто застапени и во
пролетните и во есенските обуки, нагалсуваат од работничкиот.
Освен курсвите за доквалификација, охриѓани покажувата и голем интерес за изучување на странски јазици. Според приватните јазични центри, најмногу се изучуваат англискиот, германскиот и италјанскиот јазик.