Во Охрид денес се одржа финалната активност од серијата трки Beach Run, со кои во текот на јули се даде поддршка на лицата со ретки болести. Како што беше истакнато од организаторите, целта на активностите е да се слушне гласот на ретките болести.

Во Охрид викендов се одржа и трка на едрилици од кои се вееше знамето на ретките болести, а знамето се вееше и на охридското небо со параглајдер– преку Флај Охрид – Тандем параглајдерство.

Од здружението на граѓани за ретки болести очекуваат дека наредната година конечно ќе се зголеми финансиската поддршка со цел да се покријат што повеќе болести, што повеќе пациенти и да има лекови за сите.

OhridNews