Во рамки на акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина, во општина Охрид денес се пошумува во месноста Орман. За граѓаните кои сакаат да се приклучат кон акцијата обезбеден е бесплатен превоз. Автобусите поаѓаат од пред охридската гимназија, средното училиште Ванчо Питошески, ЕМУЦ Св. Наум Охридски и пред општинската зграда во 9 и 11 часот.
Ќе се садат насади од чемпрес, јасен, бреза, молика.
Првите дрвца во рамки на акцијата беа засадени вчера од страна на градоначалникот, претседателката на советот, секретарот на општината и директорите на јавните претпријатија.