На што се должат честите инциденти во охридските угостителски објекти и поплаките на граѓаните на нивната работата? На ова прашање јавноста очекува одговор од надлежните институции кои постојано ја уверуваат дека преземаат се што е во нивна моќ и дејствуваат согласно законите. Но, јавноста не мисли така. Анкетата што деновиве ја спроведе OhridNews, покажува голема недоверба кон работата на институциите. На прашањето: „Како се применува Законот за угостителство во Охрид? – 92 отсто од читателите одговориле дека тоа се прави селективно, а само 8 проценти сметаат дека законот се применува доследно. Во анкетата беа вклучени 1124 читатели.

На непочитување на закононите кои директно или индиректно го засегаат угостителството реагираат и самите угостители кои неколку пати јавно проговорија за селективниот однос на институциите. Тие забалежуват дека одредени објекти не го почитуваат законот за заштита од пушењето и го пречекоруваат работното време, но и дека тоа никој не го санкционира.

OhridNews