Охриѓани сметаат дека поскапувањата на услугите на јавните претпријатија, кои неодамна ги изгласа советот се неоправдани. Така размислуваат дури 92 отсто од учесниците во анкетата што деновиве ја спроведе OhridNews за сопствени потреби.

Како што е познато на последната седница Советот на општина Охрид донесе
одлука за зголемување на цената на водата за 20 проценти, на
комуналните услуги за 9 отсто, a на услугите на Нискоградба околу 15
проценти. Беше утврден и годишен издаток за одржување на гробишта од
нешто помалку од 1000 денари.

Како што објаснија надлежните, корекциите на цените на услугите на јавните претпријатија се реални и неопходни и се резултат на преземни обврски и направени економски проценки.

OhridNews