Иако во дел од општините ширум земјава се бележи зголемување на бројот на заболени од грип, во Охрид засега не е регистриран пациент со симптоми на ова сезонско заболување.
Како што информираат од Центарот за јавно здравје, во текот на изминатите недели во охридскиот регион не евидентирано лице со клиничка слика на грип.
200 заболени во 14 општини
Вкупно 200 лица се заболени од грип во Македонија информираат од Инстутот за јавно здравје. Минатата недела ИЈЗ регистрирал 104 заболени од грип, а со последните податоци бројката за грипозни оваа сезона се искачи на 200. Во споредба со истиот период од минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 1,3 пати, а во однос на просекот за 10-годишниот период (31) се регистрира зголемување од 6,4 пати. Најмногу заразени има во Тетово (73), Куманово (53), а во Прилеп и во Скопје се регистрирани по 15 случаи. Во останатите 10 града бројката е под 10 заболени.
Охриѓани се вакцинираат против грип
Голем е интересот кај охриѓани за вакцинирањето против сезонски грип, кое се врши во ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид. Само во првиот ден вакцинирани беа 430 граѓани. Цената на вакцина со аплицикација е 400 денари, набавени се вкупно 1450 вакцини.
Превенција
За да се спречи ширењето на сезонскиот грип, лекарите по општа медицина најчесто советуваат да се конзумира храна богата со витамини, да се избегнува долг престој во затворени простории и да се внесува доволна количина на течности во организмот.
OhridNews