Синоќа во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на ликовни дела од црногорскиот уметник Небојша Кавариќ. Бројните присутни имаа несекојдневна можност да се запознаат со прекрасниот опус од уметнички творби и да се уверат во квалитетите кои ги поседува Кавариќ.


Преку неговите слики се открива цел ликовен универзум вткаен со знаци и симболи, доловувајќи ја духовноста како врска на времето, традицијата и современото.

Чест ми е што имам можност моите дела да ги изложам токму во Охрид. Овој град има неверојатна моќ и бројни културни случувања. Воедно, сакам да изразам голема благодарност за топлиот прием на моите домаќини, а почестен сум и со присуството на неговата екселенција, почесниот конзул на Црна Гора во Битола. Во суштина, моите дела се апстрактни, ренесански, а користени се ликови, елементни, емотивни мотиви кои претпоставувам ќе останат тука во наредните недели.“ – истакна Кавариќ.


Пред присутните се обрати охридскиот академскиот сликар Славко Упевче, кој потенцира дека соработката со уметниците од Црна Гора е во посотјан подем.

Ние како Национална установа, веќе со години ги негуваме врските на ниво на фолклор со Црна Гора, а имаме соработка со познати реномирани фолклорни друштва кои доаѓаат оттаму. Во текот на оваа година имавме изложба од црногорскиот скулптор Сретан Милатовиќ, а минатата го имавме Кнежевиќ. Така, ова е трето претставување на еден познат уметник од оваа земја во нашиот град. Сликите сами говорат за себе, а мило мие што уметникот не почести со прекрасен опус од слики, кои се надевам дека на сите ќе ви допаднат.“ – потенцира Упевче.


Почесниот конзул на Република Црна Гора во Битола, Миодраг Андријашевиќ, истакна дека продолжи соработката помеѓу двата народи.

Чест и задоволство ми е што имам можност да присустува во овој културен центар во Македонија. Црногорците секогаш се тука добредојдени и нормално дека тука се чувствуваат како дома. Мојата задача е културно зближување на двата блиски народи.“ – истакна Андријашевиќ.


Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцевска, потенцира дека огромно задоволство претставува што оваа изложба од Охрид, во наредниот период ќе патува директно за Брисел.

Центарот за култура има задоволство што е домаќин на оваа изложба. Исто така, почестени сме со присуството на конзулот од Црна Гора и се надевам дека понатака ќе продолжи соработката со уметниците од двете земји. Сакам на сите, да ви честитам празникот 2-ри август.“ – потенцира Боцевска.


Марија Михаличек за уметникот има запишано дека неговото сликарство е неповредливо упатено на духовната инспирација, обвиткана со мистерии.

Кај Кавариќ духовноста не значи религиозност, само константно и опсесивно барање на нови искуства на патот кон спознавањето на постоењето и суштината на животот. Со перцепција на сликите, уште на првиот поглед откриваме автор кој приоѓа од страна на археолог кој прекопува по историските слоеви, неуморен патник кој патува по просторот исполнет со легенди и митови.“ – има запичано Михаличек.

Инаку, Небојша Кавариќ е роден во 1962-ра година во Подгорица. Завршил медицински факултет во Белград, а член е на Здружението на ликовни уметници од Црна Гора. До сега, има 15 самостојни изложби низ повеќе земји и две групни од кои една во Париз.

O.T.