Охридските кошаркари со фуриозна победа 114-62 (19-12, 33-20, 39-16, 23-14) над Ангели ја започнаа сезоната во Втората кошаркарска лига.


Публиката во „Билјанини Извори“ не можеше да посака подобра премиера на кошаркарите кои во дебитанскиот настап до врв го наполнаа кошот на противниците.


Мотивираноста, но пред се квалитетот на охриѓани му дозволи на стратегот Петар Чочороски да ги уфрли сите играчи во игра.


Довербата ја оправдаа сите и уште од стартот наговестија плодна и успешна сезона во охридската арена.


Во следната втора рунда од Втората лига, Охрид на домашен терен ќе го пречека битолски Пелистер.

Мх.П.