Голем број охриѓани утрово околу 9 часот со автобуси, комбиња но и приватни возила тргнаа кон Скопје за да учествуваат на организираниот протестен собир под мотото „ Граѓаните за Македонија, доаѓаме“, на кој се очекува присуство од десетици илјади граѓани. Протестот е поддржан од граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, меѓу кои и најголемата опозициска партија, Социјалдемократски сојуз, како и Студентскиот пленум.

На протестот кој ќе започне во 14 часот пред зградата на владата на Македонија, според најавите, ќе присуствуваат и неколку европратеници од социјалдемократскиот блок меѓу кои и поранешниот известувач за македонија во Европарламентот Ричард Ховит, како и поранешните амбасадори на ЕУ Ерван Фуере и на Холандија Симоне Филипини.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во повеќе наврати повтори дека протестот ќе биде мирен, демократски и ненасилен, и нагласи дека ќе се направи се за да не се случи каков било инцидент, па дури и никаква провокација.

OhridNews