Хуманитарно продажната акција на фотографии од проектот „Охрид град на цвеќето“ од авторот Петар Боев, што синоќа се одржи во „Објектиф“, мина повеќе од успешно.
Продадени беа 40-ната уметнички фотографии од познатиот охридски фотограф. Средствата од хуманитарната акција, ќе бидат донирани за опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска“.
Хуманитарната акција ја помогнаа Ј.П.„Охридски Комуналец“, Општина Охрид и Лаунџ бар „Објектиф, а медиумски ја поддржаа „ОhridNews“, Телевизија „Тв М“ и „МХ“ Радио.