Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа во Супер лигата откако на домашен терен ја совладаа екипата на Куманово со 28-26 (14-11). Охриѓани до триумфот над последнопласираниот тим на табелата во суперлигашкото друштво стигнаа потешко од очекувањата и вистински се испотија за бодовите од овој дуел.

На почетокот од вториот дел ракометарите на Охрид одново влегоа во серија грешки во нападот, одбраната не беше на висина на задачата, а кумановчани го искористија тоа и го презедоа водството.

Китевски влезе во неверојатна серија, бранеше се и сешто, тогаш охридската публика, предводена од „Рибарите“ го даде својот придонес со френетично навивање по кое ракометарите направија серија од 7-2 и на семафорот на крајот од мечот стоеше 28-26.
РК Охрид : Пецаков, Анѓелкоски, Томовски 3, Андоновски 5, Бојан Белевски 5, Мирков, Николоски, Трифуноски 6, Тасески 2, Поп Стефанија 1, Китевски 6, Соколов 2, Крстески, Костесски 11 Валентино Белевски 4, Карадимче.
РК Куманово : Арсовски 13, Спасиќ 1, Трајчевски, Гинов 4, Ечимовиќ 2, Тасески 3, Кузмановски, Трајковски 4, Несторовски, Миладиновски, Ристиќ, Димковски 8, Петкоски 4.
Мх.П.
фото:Емилио











