Спортско хуманитарен хепенинг му претходеше на натпреварот Македонија – Црна Гора (80:81) на градскиот плошдат во Охрид. Во рамки на одбележување на 22-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, која годинава се одбележува со спортски активности, спортски екипи и школи од градот и јавното претпријатие „Билјанини извори“ организираа презентација на спортови и спортски вештини, а Црвениот крст на специјално поставени штандови вршеше продажба на пијалаци со гратис плашица во хуманитарни цели. 


Охрид во спортски дух ја одбележува 22-годишнината од осaмoстојувањето на Македонија

OhridNews