Поканети се голем број гости меѓу кои и градоначалниците на општина Струга и Дебрца, охридските советници и раководители на секторите при охридската локална самоуправа, како и голем број охриѓани со кои се дружеше и соработуваше Фуере при неговите чести посети на Охрид.
Фуере од домаќините ќе добие и пригодни подароци, а од страна на членовите на здружението Богојавление ќе добие подарок реплика од светиот крст.
Фуере наскоро си заминува од Македонија, а за нов амбасадор на Европската унија во земјава е назначен данскиот дипломат Петер Соренсен.