На третата tattoo конвенција што се одржа викендов во Скопје, охриѓани собраа еден куп награди. На конвенцијата учествуваше и охридското студио „Ohrid-tattoo“, а тату артистот Номче и оваа година постигна големи успеси во повеќе категории.


Неговиот штанд бил еден од најпосетените на конвенцијата, а тој на својот колега Боби од „Валијант“ изработи специфична тетоважа во живо „mistical woman“, со која го освои првото место во категорија „live tattoo“.


Во категоријата „Realistic tattoo“,со тетоважа изработена на Милко Трпески го освои второто место.


Тату артистот Номче, учествуваче и во категоријата „Big tattoo“ со тетоважа изработена на Сашо Масимовски – Карпуз, која исто така освои второ место.


На успехот на „Ohrid tattoo“ се надоврзува и успехот на уште еден мајстор за тетоважи од Охрид,  Митко-tattoo, кој како што информиравме вчера за тетоважата изработена на Сашо Топалоски освои прво место во категоријата „Realistic tattoo“.


Охриѓани собраа куп награди на „tattoo“ конвенцијата во Скопје

Ohridnews