Поранешните фудбалери на Охрид 2004, Антонио Каланоски и Александар Бошковски со погодоци во мрежата на Новаци спасија бод за екипата на Локомотива. Тимот на Бошковски и Каланоски на гостувањето во Новаци ремизираа играјќи 2-2 и го освоија првиот бод во новата сезона.


Каланоски кој лани беше дел од тимот кој се натпреваруваше во Првата лига по завршувањето на сезоната направи трансфер во Металург. Тренерот на “зелените“ Христов одлучи да го испрати Каланоски на позајмица во Локомотива, додека Бошковски по неуспешната авантура во Германија се врати во Македонија и ја засили Локомотива.

Во наредната петта рунда Локомотива на домашен терен ќе се сретне со повратникот во второлигашката конкуренција Маџари Солидарност.

Мх.П.