Охриѓани стравуваат дека светската економска криза ќе има сериозно влијание на туризмот од кој во последните години живеат и прежуваат поголемиот дел од нив.

На анкетното прашање на нашиот интернет портал: „Дали економската криза ќе се одрази на туризмот?“ – 43 отсто одговориле дека е потребно да се намалат цените за да се привлечат туристите во кризата. Дека таа ќе пристигне воопшто не се сомневаат 30 проценти од испитаниците, 12 проценти сметаат дека ќе се почувствува делумно, а 8 отсто дека ќе не одмине. Седум проценти од анкетираните сметаат дека е потрбно да се изготви стратегија за ублажување на последиците од светската економска криза.

Во анкетата беа опфатени 1020 испитаници.

Ohridnews