И покрај напорите на Центарот за култура и збогатувањето на репертоарот, охриѓани тешко му се враќаат на киното. Ниту позитивната кампања во медиумите и најавата за филмот “НЕКА ОСТАНЕ МЕЃУ НАС”, во режија на Рајко Грлиќ не беа доволни да се привлече публиката. Пред вратата на Центарот за култура синоќа се појавиле само неколкумина љубители на филмот, поради што проекцијата била откажана.

Навистина е штета бидејќи Центарот за култура со реафирмацијата на градскиот театар и филмаскиот репертоар на охриѓани им понуди исклучителна културна програма.


Едвај неколкумина пред вратите на Центарот за култура

OhridNews