Охрид го совлада Пелистер J. со 24-21 (12-10) и изби на втората позиција на прволигашката табела, поголемата желба за победа беше одлучувачкиот фактор во натпреварот.


“Белите“ беа подобри во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот, стрпливо ја градеа предноста која во првиот дел достингнуваше и до четири гола (10-6)

Битолчани успеаа да се вратат на стартот на вториот дел, долго траеше серијата без постигнат гол за охриѓани и во 40 минута на семафорот стоеше 13-13.

Серијата ја прекина Трифуноски, а на теренот за прв пат на мечот во игра влезе Томовски (првиот дел го преседа на клупата поради повреда) кој ја разби битолската одбрана. Со серијата погодоци на Николовски охриѓани се одлепија на плус четири 19-15.


Димитровски ги советуваше “чекмбарите“ кои со погодоците на Врбовски се вратија во мечот. Но тогаш на сцена стапи охридскиот голмански двоец Пецаков – Китевски. Претходно Пецаков ги излуди битолчани, додека впечатокот го комплетираше Китевски.


Натпреварот на шест секунди пред крајот беше кратко прекинат, а по меѓусебните убедувања ракометарите се вратија на теренот и мечот се доигра.

М.П.