Предавањето кое се одржа во хотелот Милениум во Охрид, пред стотина присутни слушатели , го изврШИ д-р Жарко Костиќ, еден од најкомпетентните познавачи на дијанетиката и скиентологијата кај нас во Македонија.На трибината која едновремено беше и дел од снимањето за документарниот филм посветен токму на работата на д-р Жарко Костиќ, а кој го снимаше професионална филмска екипа од Калифорнија,САД, присутните имаа можност да се запознаат со причинителите на стресот , со т.н. енграми во реактивниот ум , односно со сликите на емоција и болка кои често се рестимулираат во секојдневието; како и со техниките на бришење на одредени непријатни слики од минатото. Во рамки на предавањето , беше промовирана и книгата ДИЈАНЕТИКА од авторот Л. Рон Хабард, чии размислувања од 1950 година денес се прифатени како методи на лекување на стресот и на изгубената самодоверба.
-Со помош на дијанетиката се постигнуваат многу мерливи резултати и таа дава можност многу од болестите предизвикани од стресот буквално да бидат излекувани. – вели д-р Костиќ кој во Македонија има одржано повеќе од 200 предавања по неговиот курс “Анатомија на човековиот ум”. Станува збор за објаснување на појавата на стресот и овозможување на луѓето да користат повеќе од сопствените потенцијали.
-Сите причинители на проблемите што ги доживуваат, луѓето треба да ги бараат во себеси, а не во надворешните фактори – додава д-р Костиќ.
На трибината која својот втор дел го имаше во хотелот Александрија , на десетици присутни им беше извршен и измерен стресот со лоцирање на енграмите , т.е. сликите кои придонесуваат за појава на стресот.
Инаку, книгата на Л. Рон Хабард која е објавена и на македонски јазик, досега е отпечатена во 20 милиони примероци. Д-р Костиќ најавува и ново предавање пред охриѓани за следниот викенд во хотелот Милениум во Охрид.
Дим Дон