Вчера во албанскиот град Корча се оддржа втората по ред новогодишна средба на новинари, членови на локалната секција на Здружението на новинари на Албанија, а на свеченоста присуствуваа претседателот на националното Здружение на новинари од Тирана, градоначалникот на Корча и управникот на областа Корча, како и делегација на новинари од Охрид преводена од Мишо Јузмески.
Во пријатна атмосфера, исполнета со музика, танци и богата закуска, неколку десетици новинари од локалните медиуми и дописници на националните медиуми имаа можност да се дружат и потсетат на разните моменти од нивната работа во текот на годината што изминува.
За време на свеченоста беа доделени признанија за придонес во новинарството, а меѓу наградените беше и порталот на Македонците во Албанија, „Македониум“, за посебен придонес во информирањето и посебно за зближувањето на македонскиот и албанскиот народ. Наградата ја прими Васил Стерјоски, главен уредник на порталот и познат активист за извојување на малцинските права на Македонците во Албанија.
OhridNews
фото: Мишо Јузмески