По стартниот пораз од Ренова, охриѓани ремизираа со Тетекс и го совладаа Силекс. Во позитивна атмосфера патуваат во Штип на мегдан на Брегалница. Умерен оптимист е стратегот на  “рибарите“ Здравко Цветаноски кој очекува уште едно пожртвувано издание на неговите избраници.


 

–    Ние сме нови прволигаши и за нас нема лесни или тешки противници и секој натпревар е од големо значење. Брегалница е во мала резултатска криза, но имаат квалитетен состав и очекувам возбудлив и интересен натпревар.  Ние сепак многу повеќе сме фокусирани на нашата игра , која бележи нагорна линија и од натпревар во натпревар влегуваме во онај посакуван прволигашки ритам. Борбебоста и пожртвуваноста е одлика на овај тим и тоа ќе го прикажеме и на градскиот стадион во Штип – истакна Цветаноски.

Цветаноски нема проблеми со повредени и суспендирани играчи па така за мечот во Штип може да смета на сите расположливи сили. Повторно енигма е дали “џокерот“ Алими да започне од клупата или да стартува од првата минута.


Интернационалецот Горан Спиркоски ќе ја дели фудбалската правдата на натпреварот помеѓу Брегалница – Охрид. Помошници на Спиркоски, ќе му бидат сограѓаните Димоски Љупчо и Костоски Зоран.

Охрид (веројантен состав 4-4-2) Карамачоски, Велески-Белица-Иловски-Ѓорески (кап), Џалески-Брадониќ-Митрески-Димоски, Клечкароски – Каланоски.

М.П.