По дваесет години тешка транзиција, граѓаните полека го губат оптимизмот дека Новата година ќе промени нешто драстично во нивниот живот. Ова мислење го делат и охриѓани, кои не се оптимисти дека 2011-та година ќе биде многу подобра од годината што ја испративме.

На анкетното прашање на OhridNews: Дали Новата година ќе биде подобра од 2010 година?, 50 отсто од читателите одговориле позитивно, а исто толку негативно. Во анкетата беа вклучени 1140 читатели.

Очигледно е дека празничната еуфорија и позитивната атмосфера околу Нова година не ги понела охриѓани. Свесни за реалноста, големата невработеност, инертната, бирократизирана и нефункционална администрација, изолираноста, лошата инфраструктура, слабата економија и неостварените ветувања на неинвентивните македонски политичари, граѓаните се умерени оптимисти дека 2011 година ќе биде подобра од претходната.

OhridNews