Хуманитарната акција по повод Денот и неделата за борба против гладта заврши успешно. Донираа фирми, невладини организации,здруженија и голем број поединци.
– Оваа година акцијата ја оценуваме како исклучително успешна. Секоја година се стремиме бројката на оние луѓе кои се на работ на егзистенцијата да е се помал, но сликата сеуште е таква каква што е. Преку акцијата обезбедивме производи доволни за еден месец кои им се доделуваат на околу 200 социјално загрозени семејства. Нивниот број е поголем, но ќе се помага и преку целата година од собраните резерви, а ќе се делат и ќебиња и облека, изјави претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.
Во кампањата се вклучи и локалната самоуправа која со средства од општинскиот буџет обезбеди 50 хуманитарни пакети.
– Ова е симболичен гест со кој краткорочно ќе им помогнеме на овие семејства. Секако целта на кампањата е подигање на свеста за постоењето на овој глобален проблем со гладта и поттикнување на сите општествено одговорни компании, невладиниот сектор и поединци да земат учество и помагаат во надминување на проблемот, изјави претседателката на советот, Гордана Коњановска.
Хуманите граѓани и во наредниот период можат да донираат прехранбени производи, козметика и облека во просториите на општинскиот Црвен крст.
OhridNews