Поради интервенции на водоводната мрежа и преземање на редовни активности пред почетокот на летната сезона, од вечерва по полноќ до 18 часот, утре, прекин во водоснабдувањето ќе имаат сите корисници на град Охрид.

Од МЈП Проаква информираат дека во текот на целиот ден ќе се врши измивање на водоводната линија, поправка на главните шибери и  отстранување на дефекти.

OhridNews