Со свечено дефиле на учесниците, низ старата чаршија и настап на градскиот плоштад и кај стариот Чинар, синоќа во Охрид започнаа 24-те „Староградски средби“.
Свеченото отворање се одржа во Центарот за култура кој е организатор на манифестацијата.
– Фестивалот значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века и придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска.
Љубителите на староградската музика имаа можност да го проследат настапот на Хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев”, ансамблот „Билјана”, учесниците од Штип, „Пере Тошев” од Прилеп, НУ Центар за култура „Ацо Шопов” – Штип „Вис орнаменти”, „Распеани гевгеличани” , друштвото „Оскар” – Струга и Владо Костоски, „Октет Прилеп” -НУ Центар за култура Прилеп, „Распеани охриѓани од Охрид и учесниците од државното музичко училиште од Скопје „Илија Николовски Луј“ .
Фестивалот на староградски песни е востановен во 1974 година. Непрекинато се одржувал до 1994 година, а возобновен е во 2008 година.
Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа Светск...
Во октомври 2025 година, ТАВ Македонија, подружница на TAV Airports членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св Ап...
Утре – среда, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на литературно – уметничкиот настан „Самовилата со скршени крилја“ Всушност ќе се случи промоција на истоимениот роман од позна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.