Македонската кошаркарска репрезентација е пред можност да освои бронзен медал на Европското првенство што се игра во Литванија, а охриѓани се оптимисти дека Перо, Бо(рче), Војдан, Влатко, Предраг и другарите имаат сила и квалитет да стигнат до уште една победа која ќе им обезбеди место во спортската историја.


Според охриѓани самиот влез помеѓу четирите најдбри нации на стариот континент е голем успех, но сметаат дека македонските репрезентативци се способни да направат нов подвиг и да и донесат неизмерна радост на нацијата.


Малото финале што на програмата е во 16.30 часот ќе се следи во навивачки амбиент. И денеска угостителските објекти во градот ќе бидат исполнети со навивачи, а жешка атмосфера се очекува и на градскиот плоштад. Срцата на нацијата денеска ќе чукаат за спортските херои кои според прикажаното на шампионатот заслужуваат да се најдат на подиумот, рамо до рамо со најдобрите на првенството.

OhridNews