Охриѓани и во далечната Австралија не забораваат на традицијата и обичаите. На 29 јуни во Мелбурн околу 450 иселеници се собраа на големиот бал по повод празникот Св. Наум Охридски, што го организираше Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“.
– Ретко кој може да организира толку успешен собир во Викторија како што тоа го прават охриѓани.-вели Васко Ангеловски, претседател на друштвото.
Васко Ангеловски
Охридското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн е непрофитна организација формирана во 1983 година. По повод 30 годишниот јубилеј преседателот Ангеловски изрази голема благодарност до сите спонзори, но и до основоположноците на друштвото Крсте Наумовски Мечкар, Стојан Трпески, Тоде Димитриески, Јонче
Наумовски, Сандре Ставрески и Богоја, кои добија сувенир –
статуа со ликот на СВ. Наум Охридски.
Прославата ја збогатија естрадните уметници од Македонија Милица
Кузманоска и Благоја Грујовски придружувани од групата Амадеус. Гости на вечерта беа Робин Скот пратеник од
викторискиот парламент – министер за финансии во сенка и Роб Мичел
федерален пратеник на Австралиската влада.
Одбележувањето на 30-годишниот јубилеј на Охридското социјално друштво ќе продолжи со бројни културни манифестации во текот на целата година.