Охридската фудбалска школа Охрид Топ Тим со две генерации 2002 и 2004 обезбеди пласман во финалињата на турнирот „Трофеј 2015“.
Охриѓани во полуфиналниот дуел во 2002 година со 2-1 го совладаа тимот на Борец од Велес, а во 2004 забележаа „покер“ победа совладувајќи го Перак од Прилеп со 4-1.
Противник на „белите“ во 2002 ќе им биде составот на ЛГ од Битола кој во 1/2 финалето триумфираше со 2-0 над прилепчани, а и во 2004 ќе се сретнат со екипата на ЛГ која за пласман во финалето го совлада Њу Старс со 4-2.
Во најмалата генерација за златниот медал ќе се борат екипите на Неготино и ЛГ од Битола. Во полуфиналните натпревари неготинчани славеа убедливо 10-0 nad Борец, а ЛГ со 4-2победи против Њу Старс.
Резултати :
Генерација 2002 :
Полуфинале : Охрид Топ Тим – Борец 2-1, Перак – ЛГ 0-2.
Сабота : мало финале (9ч), финале (10ч).
Генерација 2004 :
Полуфинале : ЛГ – Њу Старс 4-2, ФК Охрид Топ Тим – Перак 4-1.
Сабота : 5-6 место (8:40ч), мало финале (9:30ч), финале (10:20ч).
Генерација 2006 :
Полуфинале : Неготино – Борец 10-0, Њу Старс – ЛГ 2-4.
Сабота : 5-6 место (8:50ч), мало финале (9:30ч), финале (10:10ч).
Мх.П.