Во Охрид денеска се одржа масовна еколошка акција за чистење од отпад на источното и западното крајбрежје, во која беа вклучени институции, училишта, невладини организации, еколошки здруженија, нуркачки и спортски клубови и граѓани.
Целта на акцијата, што ја поддржа локалната самоуправа, е да се подигне јавната свест за проблемот со отпадот кој го нагрдува охридското крајбрежје и планината Галичица.
Учениците од ОУ Св Климет Охридски го расчистуваа дворот на училиштето и околината, а волонтерите на Црвениот крст и многу други доброволци стариот дел на Охрид.
На акцијата се приклучија и дел од членовите на „Urban Street Car Club Ohrid“ – Uscco. И тие собраа поголема количина отпад.
Неодминлив дел од ваквите еколошки акции и пример за совесност и општествена одговорност се членовите на клубот за подводни акттивности „Охрид“ од Охрид. Тие го расчистуваа езерското дно кај Пештани, а на брегот сотпадот го собираа вработени во општина Охрид.
Собраниот отпад соодветно ќе биде одложен од страна на ЈП „Охридски Комуналец“.
Фото галерија:

Охриѓани во масовна акција на чистење на крајбрежјето
OhridNews




































