Во анкетата која ја спроведе “Ohrid News“ неутралните љубители на фудбалот во Охрид во полуфиналето од Лигата на Шампиони посакуваат дуел на гигантите Баерн Минхен и Реал Мадрид.


Испитаниците во Охрид кои се симпатизери на Баерн Минхен во 1/2 финалето го посакуваат ривалот од Бундес лигата, Борусија Дортмунд додека оние од Барселона не го сакаат Реал Мадрид во полуфиналето.

Наспроти нив фановите на Реал Мадрид во полуфиналето спремни се за дуел со најлутиот ривал во Шпанија, Барселона, а тоа ќе преставува “финале пред финалето“ во ЛШ.

Ако се остварат желбите на охриѓани во полуфиналето ќе се сретнат Баерн Минхен – Реал Мадрид и Барселона – Борусија Дортмунд. Ждрепката за полуфиналето во Лигата на Шампиони ќе се одржи во Нион со почеток од 12 часот.

Мх.П.