Зголемениот број на туристи и зголемен број на патнички и други моторни возила во Охрид, деновиве предизвикува исклучително интензивна сообраќајна фрекфенција посебно во централното градско подрачје. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот упати апел до граѓаните на Охрид исклучио во нужни ситуации да ди користат сопствените патнички автомобили.

-Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред се во централното градско подрачје. Со тоа, најдиректно ќе го дадеме својот придонес кон намалување и елиминирање на сообраќајниот метеж во градот, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона. Секако, на тој начин ќе ја манифестираме и нашата сообраќајна култура и совест со што, и на тој начин ќе им покажеме и добредојде на домашните и странските туристи кои деновиве се поинтензивно доаѓаат во нашата туристичка матропола. Воедно, сите учесници во сообраќајот, ги повикуваме на внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, со што значително ќе ја подигнеме сообраќајната превенција и севкупната сообраќајна безбедност во Охрид. – велат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Зголемениот интензитет на сообраќај и невниманитето се причина за бројни незгоди во центарот на Охрид. Една забележа објектовот на OhridNews на пешачки премин кај старата НАМА. Оттаму и апел до учесниците во сообраќајот да бидат крајно внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и да го прилагодарт возењето кон условите на патот.

OhridNews