Екипата на Кичево е победник на Регионалниот квиз  натпревар по сообраќај за ученици од основното образование, што денеска се одржа во х. „Ривиера“ во Охрид.


Победничката екипа од Кичево


Второто место го освоија учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид, а трети беа основците од Струга.


охриѓани втори…


…стружани трети


Победникот на регионалниот натпревар се здоби со право на учество на Републичкиот квиз натпревар по сообраќај.
Регионалниот квиз натпревар успешно го организираше Општинскиот совет за безбедност – Охрид.

Ohridnews