
Целта на акцијата е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај младите за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, ќе бидат наменети за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеќе дисциплини: шах, пикадо, бадминтон, хокеј на трева, баскет, не лути се човеку и многу други спортски и културно-забавни содржини. Секој купен учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум дневно зимување на Копаоник, викенд во х. Бистра-Маврово, телевизор, ДВД плејер, компјутерска галантерија), кои ќе бидат јавно извлекувани на една од локалните телевизиии во втората половина на месец јуни.











