На анкетното прашање: Како ја оценувате безбедносната состојба во градот? – 69 отсто од анкетираните одговориле дека таа е лоша, а 31 процент сметаат дека безбедносната состојба во Охрид е добра.
Во анкетата беа вклучени 1192 читатели.
Според официјалните податоци на Секторот за внатрешни работи од Охрид, во текот на 2010 година, во Охрид се регистрирани вкупно 799 кривични дела, што е повеќе во однос на 2009 година кога биле евидентирани 677 кривични дела. Од вкупната бројка кривични дела во 2010 година, службата целосно расветлила 280 што претставува зголемувањ во однос на 2009 година кога биле расветлени 169 кривични дела.
Минатата година регистрирано е намалување на бројот на нарушувања на јавниот ред и мир. Така, во 2010 евидентиран е и помал број на сообраќајни незгоди во однос на 2009. Лани таа бројка била 463, додека во 2009 се регистрирани 471 сообраќајна несреќа.